Македонија

(Видео) Собрани се речиси 30.000 евра на аукцијата каде се надаваа претседателката, пратеници, бизнисмени, граѓани за помош на повредените од Кочани

Со продажбата на уметнички дела преку аукција, собрани се околу 1.800.000 денари односно речиси 30.000 евра од вчерашната хуманитарна акција организирана од „SupportKocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел се уште се на лекување. На наддавањето беа поканети над 50 политичари, бројни бизнисмени, како и сите граѓани. Автор на најскапото дело кое беше продадено е на Михаил Корубин кое од почетна цена 120.000 денари достигна до 300.000 денари.

Во салата се појавија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар Ѓорги Божинов, претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратеникот Миле Лефков, пратеникот од ЗНАМ Павле Арсоски, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, вд градоначалникот Венко Крстевски беа единствените функционери на аукцијата преку која се собираше пари за Кочани. Присутни беа и мал број бизнисмени, како газдата на “Ауто велт” и газда на позната штипска кофекција “ЕАМ”, како и јавни личности меѓу кои Дејан Пауновски-Паки. Делата беа донирани и познати уметници.

На почеток