Палевски одговори на прашањето: Си правите ли алиби со плаќањето во банката денот кога е Вања убиена?


Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска продолжи со прашања за обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Според Обвинителството, Палевски дава само алиби за деновите кога се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, но не нуди докзи,
Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Дали си правевте алиби за 27.11.2023 со плаќањето на сметка во Банката?
Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Бев да плаќам кога ми стигнаа пари на сметка, ако сум убил – ќе правев алиби. Добив 1000 евра од ‘јутуб’ на сметка и отидов во ‘Халк Банка; на Буњаковец, има многу експозитури на Партизанска. Вие слушнавте дека сите биле под уцена од мене, се плашеле да не им ги убивам фамилиите и зошто имало потреба јас да одам во ‘Дупки’ туку едноставно ќе сум наредил, зошто би отишол од Скопје во Велес за ‘цитроен’ канта, што е поевтин од мојот Ајфон. Но според вашата логика сум морал да отидам и да го убијам Панче. И покрај тоа што сте ги обезбедиле доказите, некој пред 10 години имал кривична пријава, од Панче Жежовски кон него, пријава до Советот на јавни обвинители, жртвата тврди дека Велибро Манев е под заштита на ОЈО Велес. Но вие повторно тврдите дека јас сум отишол во Велес да го убивам.
Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Вие тврдите дека криминален ум би ја убил Зорица Ѓорчевска, а не Вања.. Вам ви беше ли познато дека Зорица и Александар Ѓорчевски се разведени, и дека при убиство на Зорица, Александар не би наследил ништо, познато ви беше така?
Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Не ми беше познато. Прашањето навредува просечен човек, и ова го сметам за навреда и ќе објаснам зошто. Вашиот мотив во обвинението, е нелогичен и недокажан, затоа што не се приложиле ниту еден доказ. Моето компарирање на логики и кажување дека доколку постои користољубие ќе имаше засолниште, а не класично убиство, ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари, но не само што не се случило, вие не понудивте ниту еден доказ на таа многу важна околност – мотив зошто е сторено делото. Затоа дадов пример со еден криминален ум. Јас во списите прочитав дека Александар го поседува најскапиот имот во семејството, станот од каде е грабнато детето, преку 250 илјади евра, и доколку биде убиена мајката – законски старател ќе биде таткото. Мотивот не само што не е докажан, туку целосно нелогичен.
Тој потоа говореше повторно за базните станици каде е регистриран неговиот телефон.
Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Вие тврдите дека го поправате котелот, но од доказите произлегува дека немате никаква комуникација со Ерол, освен во попладневните часови неуспешен од негова страна. Така ли е?
Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Повикот на Ерол е точен, но зошто би ми вртел доколку јас сум кај него и поправам котел. Ерол треба да одговори. Токму на 22 шест полиња се избришани едно по друго за базните станици. А смртта на Жежовски не е утврдена во ниту еден доказ, туку само од двајца обвинети кои кажуваат различни аргументи за ист настан. Котелот е поправан на 22.11 како што кажа Ерол од 11.40 кога сум пратил порака па натака. А кога е убиен Панче јас не знам и јас не го разбирам ова во времето на кривично правниот настан, како што кажа обвинителката.
Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Му благодарам на забелешката, сведокот сведочеше дека на 28.11.2023 сте го поправале котелот а не на 22.11.2023, но нејсе, но за да одите на 22.11 кај Ерол претходно логично е да си искумуницирате со него, за да знае кога точно би дошле?
Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Јас сум одел кај Ерол и кога не бил тој дома, бидејќи заборави да каже дека котелот се наоѓа во сутерен дел од неговиот дом…
