Македонија

Откако им најавија протест, обвинителот Коцевски пројави желба да се сретне со семејствата на жртвите од Кочани

Јавното обвинителство се обрати со соопштение околу протестот на семејствата на жртвите:

„Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, Јавното обвинителство поканува на средба со претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“.

На почеток