„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Се подобрува состојбата на Панчо, преместен е од интензивна нега на оддел - има изгореници по телото и дишните патишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
panco

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата „Систина“, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, по повеќе од 40 дена на интензивна нега и под апарати, сега е преместен на оддел, каде и натаму ќе се третираат неговите повреди односно изгорениците по телото и на дишните патишта. Тој е веќе 46 дена на болничко лекување, првично беше сместен на Клиничкиот центар во Скопје, а потоа, преместен во приватната болница.

— реклама —

Според последните соопштени информации, во македонските болници се уште се лекуваат тројца пациенти, меѓу кој е Блажев-Панчо. Од Бугарија, пред три дена, тројца пацинети беа вратени за македонија и тоа на возраст од 19, 21 и 48 години. Сите во стабилна состојба.

Обвинителството на 21 март соопшти дека и Блажев-Панчо е осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“, а поради внесување на пиротехниката.

— реклама —

„За внесување и употреба на пиротехничките средства е осомничен и еден член на музичката група. Постои сомнение дека членовите на бендот околу 02:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект“, изјави Коцевски.

По несреќата, има 62 загинати лица и 197 лица беа повредени. Осум лица од тимот на „ДНК“ се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Загина вокалот Андреј Ѓорѓиески, музичарот Филип Стевковски, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, придружниот вокал Сара Пројковска, тонецот Игор Велков, бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо и Александар Ефремов, фотограф на „ДНК“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања