Скопје

Пијан возач бегал од полиција, тие го бркале низ Скопје

„На 01.05.2025 околу 20.40 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски таблици, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје и по кратко кратко време удрило во возило „голф“, сопственост на МВР. По преземени мерки, утврдено е дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

На почеток