Македонија

Состојбата во коалицијата е одлична, наскоро средба со Таравари, вели Мицкоски

Кусо и без објаснување, премиерот Христјан Мицкоски вели дека е состојбата во коалицијата е „одлична“, а потоа додава дека ќе има средба со колаициониот партнер и минситер за здравство, Арбен Таравари. Потребата од разговор доаѓа откако Таравари се скара со дел од структурите во ВЛЕН, кои го обвинија дека соработува со ДУИ.

„Па ќе се случи наскоро“, рече премиерот Мицкоски.

Претходно, во дел од медиумите беше пласирана информацијата дека средбата ќе биде до крај на оваа недела, но тоа не беше потврдено од ниту една од страните.

“Досега нашата одлука е само една, а тоа е дека на листите за советници Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно. За кандидатите за градоначалници имаме кажано дека сме отворени, пред сè со ВЛЕН, ако се расположени. Ако немаат, втората опција е самостојно, понатаму ќе видиме”, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Во меѓувреме, вицепремиерот на Владата Александар Николоски во интервју за „360 степени“ изјави дека доколку Таравари соработува со ДУИ, тоа би претставувало политичко самоубиство.

Оваа изјава на Николоски предизвика реакција од ДУИ. Од оваа партија прашуваат: „Зошто целата оваа омраза кон ДУИ и кон Албанците?“

На почеток