Македонија

Никој не се пријави да прави софтвер кој ќе оценува позитивни и негативни вести, Владата објави нов оглас

Владата мораше да ја поништи набавката за софтвер што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални оцени.Причината, како што е наведено во известувањето за поништување објавено на Порталот за јавни набавки, е поради тоа што не била поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда за набавката​.

Владата сакаше да ангажира компанија што ќе изработи софтвер кој ќе врши мониторинг на медиумите и тоа електронски, печатени, онлајн и објави на социјалните мрежи. Требаше да се оценуваат содржините како позитивни, негативни или неутрални. Се бараше и дневен извештај до 9 часот наредниот ден со детални податоци за медиумските објави, вклучително и име на медиумот, авторот, содржина и линк до оригиналниот извор​.

Планираниот систем требаше да биде опремен со вештачка интелигенција, да биде достапен преку мобилна апликација, како и да функционира и offline за делот со транскрипција на говор во текст. Софтверот, според техничката спецификација, беше наменет за потребите на околу 30 државни институции и политички органи.
Овој владин план за проект наиде на силни критики и во јавноста беше оценет како потенцијално опасен за медиумските слободи.

На почеток