Свет

Неколку згради во Киев беа оштетени во ноќен напад со беспилотни летала

Во ноќен руски напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев, оштетени се неколку станбени згради, а бројни автомобили се запалени, објавија украинските власти.

Фрагменти од уништени беспилотни летала предизвикаа пожари на станбени згради во киевските области Оболонски и Свјатошински, како и на бројни автомобили, објави Тимур Ткаченко, првиот човек на воената администрација во Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку пораки на Телеграм, ги повика своите сограѓани да останат во засолништа, додавајќи дека медицински екипи се повикани и во Свјатошински округ.

На почеток