Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња, вели Таравари


Министерот за здравство и предводник на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари реагираше на својот Фејсбук профил по повод вчерашните политички случувања.
„Изјавуваме дека судбината на овој народ ја гледаме посериозно отколку само имињата и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворија во Едипов комплекс. Не правиме никаков потег за задоволство или гнев на никого! Дури и оние што прават пророштва во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи од „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, која работи само во интерес на народот!“, напиша тој.
За денеска, најавена е средба Мицкоски-Таравари, каде ќе се разговара за иднината на Алијансата на Албанците кога во прашање е Владата.
