Македонија

Седум годишниот брат ја прегазил десет годишната сестра во крушевско

На 05.05.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско.

„Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата“, велат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток