Ангелов-Ќосето револтиран од ослободувањето на Јахоски со милионите: Да ви кажам кога ќе се вратам да лежам затвор,кога ќе прдне Тито


Горан Ангелов Ќосето, осуден за „27 април“ кој осум години помина зад решетки и излезе на лекување со повеќе дијагнози, упати порака до правосудните власти откако газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, излезе од притвор давајќи милиони како залог.
„Да ви кажам кога ќе се вратам да лежам затвор,кога ќе прдне Тито! Доста скапуваме 8 год по зандани. Чисто да си знаете!“, напиша Ангелов.
Осудените за „27 април“ велат дека чекаат правда. Тие бараа повторно судење, со образложение дека не се терористи, иако ги судеа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Тие бараат правична правна квалификација за упадот и правична казна.
За неговата состојба и годините во затвор, Ангелов зоруваше и во „Претрес“:
