Македонија

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала

На 41 годишна возраст почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала.

Роден е во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, потоа во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор беше дел и од тимот во 2013 година во Општина Центар, потоа беше директор на Универзална сала, Скопје, за да се посвети повторно на приватниот бизнис.

,,Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец. Либерално демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели”, напишаа од ЛДП.

На почеток