Се урна авион со шест лица, меѓу кои пациент кој го превезувале до граница

Од
Објавено на

Мал авион што превезувал пациент се урна недалеку од главниот град на Чиле, соопштија локалните власти.
Во авионот од типот „пајпер“ имало шест лица.
Контактот со леталото е изгубен на 40 километри западно од главниот град Сантијаго, додека превезувал пациент до северната граница на Чиле.
Почнато е пребарување, во кое учествуваат екипи од воздухопловните сили, полицијата и противпожарната служба.
Авионот паднал на непристапен терен, на голема надморска височина.
