Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне владејачката коалиција, вели Филипче


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека тоа што се случува во владејачката коалиција укажува дека единствено што ги води се финансиските интереси, а не вредности. Според него, тие немаат идеја ниту визија како да ја водат државата напред.
„Осудени се на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне. Како ќе се одвиваат работите тоа не е наша работа. Се подготвуваме за локалните избори, бараме партнери, каналите за комуникација се отворени“, рече Филипче.
Тој додаде дека е подготвен и за парламентарни избори.
Филипче вели дека има пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го утврдиле преку теренска анкета.
„Дојде на власт со лажна патриотска кампања, ја заглави државата. Граѓаните ја кажаа пораката на претходните избори, ние како ново раководство ги имплементиравме насоките“, додаде тој.
