(Видео) Папата Лав XIV излезе на балконот: „Мир со вас!“

Од
Објавено на

Американецот Роберт Франсис Превост е новиот папа.
Тој го избра името Папа Лав XIV.
Кардиналот Доминик Мамберти го објави тоa пред целата светска јавност.
Роберт Превост, кој беше избран за нов папа под името Лав XIV, излезе на балконот на базиликата Света Петра.
Првиот папа кој е Американец, беше пречекан со громогласни овации од илјадниците собрани граѓани.
Тој го спомена и папата Франциск и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство.
