Македонија

Таравари си оди во опозиција: Третманот на вработените во администрацијата е полош од порано!

Арбен Таравари, кој застапува едно од крилата на Алијанса за Албанците, излегува од Влада. Тој сега почна да го критикува и ВЛЕН, па рече: „Третманот за вработените во администрацијата е полош од порано“. За Македонија, рече дека ќе минува низ тежок период.

„Ја донесовме промената во албанскиот блок по 20 години, меѓутоа, промените кои ги ветивме не ги испорачавме. Затоа одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме доверба на локалните избори. Со ВЛЕН се обидовме да изнајдеме решение за кандидатите за градоначалници – не успеавме. Ако имаме сомнежи, нема што да бараме таму“, рече Таравари.

Тој посочи дека одат во опозиција, а во октомври ќе се вратат со добри резултати.

На почеток