Се очекува пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Јавноста бара правда, Јовановски знае дека ќе добие затвор


Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе ја соопшти пресудата за случајот што ја потресе македонската јавност: прегазувањето на 22-годишната студентка Фросина Кулакова од Неготино, која на 29 јануари беше усмртена на обележан пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Обвинетиот, 20-годишниот Васил Јованов, управувал со возило без возачка дозвола и поминал на црвено светло, при што ја удрил Кулакова која починала на самото место.
Јавното обвинителство го квалификува делото како тешко кривично дело сторено со умисла, што претставува најтешка форма на кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот.
Случајот предизвика масовни протести во Скопје и Неготино, каде граѓаните бараа правда за Фросина и повикуваа на одговорност од институциите.
Семејството на Фросина, во својство на оштетени, се запозна со доказите собрани од обвинителството и дадоа исказ во текот на истрагата.
Пресудата ќе биде клучна не само за семејството на Фросина, туку и за јавноста која очекува правда и поостри мерки против несовесните возачи.
