Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани во кочанската болница. Доцна синоќа, тие објавија и фотографии од ужасните повреди на нивните сограѓани. Посочуваат дека тоа е вистината за повредените и дека ќе продолжат со такви објави, со цел, државата да преземе одговорност.
„Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните. Хипербаричната комора се уште не е во употреба“, стоеше во кусата објава на организацијата.
[caption id="attachment_328539" align="alignnone" width="1320"]
Screenshot[/caption]
„Скопје1“ побара одговори од Министерството за здравство, зошто не се обезбедени услови за третирање, како и зошто комората не е во употреба, а потоа прашавме дали има доволно персонал и соодветна апаратура за третирање на повредените. Штом добиеме одговори, ќе ги проследиме.
[caption id="attachment_328540" align="alignnone" width="1320"]
Screenshot[/caption]
Во меѓувреме, од „Support Kocani“, споделија две вознемирувачки фотографии.
„Во следните денови редовно ќе споделуваме сведоштва од повредените и нивните најблиски. Фотографии од раните. Доколку не можете да гледате експлицитна содржина, можете да го отследите профилот, бидеќи за жал, ова е реалноста во Кочани“.
[caption id="attachment_328541" align="alignnone" width="1320"]
Screenshot[/caption]
Има услови за третман на изгорениците во кочанската болница, се прави во посебни сали, тврдат од Министерството за здравство
Министерството за здравство, тврди дека во Болницата во Кочани, има сали каде се третираат пациентите со изгореници. Според нив, станува збор за двајца вакви пациенти, кои лекувањето сепак го продолжуваат во Клиниката за пластичка хирургија во Скопје. Ова доаѓа откако организацијата „Support Kocani“ објави за овој проблем во текот на вчерашната вечер.„Од болницата информираат дека во меѓувреме се обезбедени и услови и за набавка и монтирање када за подобар треман на пациентите кои имаат потреба
Македонија | пред 1 година