Македонија

(Видео) „Претрес“ за стравот и болките на жртвите на семејно насилство: Убиената Рамајана од Шутка пријавувала, но залудно

Повод за вечерашниот Претрес со Ландов е трагичниот случај со Рамајана, жртва на семејно насилство, случај кој ја бранува јавноста.

Операторката на СОС националната линија, Надире Селман, вели дека жените жртви на семејно насилство немаат сила и храброст да се јават и да ги пријават насилниците.

Рамајана се обидувала да се јави во други невладини организации, но немала економска моќ да се справи или да го напушти насилникот кој ја убил пред нејзината 5 годишна ќерка.

Во Претрес има и болни сведоштва на жените кои се нашле во вртлогот на насилство, како и искуства при работа со жртвите но и со насилници.

Надире Селман, апелира сите жртви да се јават на Националната СОС линија за пријавување родово базирано насилство (141 700).

На почеток