🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

По 80 илјади евра за семејствата кои имаат загинат во „Пулс“, работен ангажман за родителите, покривање трошоци - што има во законот за Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
puls-35

Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани што се случи на 16 март во која кога животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени.

— реклама —

„Овој закон предвидуваше сеопфатна, праведна и итна поддршка за жртвите, преживеаните и нивните семејства, со конкретни мерки и гарантирани права. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против – со што свесно ги ускратија семејствата од правична и заслужена поддршка“, велат од СДСМ и додаваат:

Еве што точно одбија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:

— реклама —

*80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата – еднократен паричен надомест за душевна болка и нематеријална штета

*Финансиска поддршка за повредените според степен на инвалидитет– од 1.200.000 до 5.000.000 денари, во зависност од утврдениот степен

*Покривање на трошоци за лекување – дома и во странство – хируршки интервенции, психолошка рехабилитација, лекови, помагала, сместување и транспорт

*Образовна поддршка за ученици и студенти– онлајн настава, ослободување од приемни и матурски испити, стипендии до крај на студии

*Платено отсуство за родители на повредени деца – најмалку 6 месеци платено отсуство и можност за продолжување по лекарска препорака

*Скратено работно време за родители до една година – со покривање на придонеси за родителите кои работат во приватниот сектор

*Психосоцијална и правна помош – за повредените и за семејствата на загинатите, најмалку една година

*Домашна нега и поддршка од социјални работници– за лица со инвалидитет стекнат од несреќата

*Државна поддршка за преквалификација и самовработување – за повредени кои не можат да се вратат на претходното работно место

*Можност за адаптација на домот и набавка на возило– за лица со траен инвалидитет

*Воспоставување на независна Комисија за проценка и следење– со стручњаци, претставници на институции и членови од семејствата на жртвите

*Законот е применлив и за претходни трагедии со македонски граѓани– Ласкарци (2019), Тетово (2021), „Струма“ во Бугарија (2021)

[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Предлог-на-закон-за-поддршка-на-настраданите-во-несреќата-во-дискотеката-во-Кочани-и-на-членовите-на-нивните-семејства-по-скратен.pdf" title="Предлог на закон за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, по скратен"]

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања