Скопје

Ќе се сечат 113 дрва од Градскиот парк во Скопје, донесено е решние

Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, донела решение да се исечат 113 дрва во Градскиот парк во Скопје, по барање на ЈП „Паркови и зеленило“. Ова решение е донесено откако екипите на претпријатието утврдиле дека дрвата се суви, шупливи и нападнати од габи, опасни да паднат и причинат материјална и човечка штета. На ова реагираа од „Зелен хуман град“ кои бараат претпазлив пристап, бидејќи ова ќе го смени изгледот на Градскиот парк. Во решението пак, се посочува дека предмет на сеча ќе се 23 јавори, 20 багреми, 16 гледичи, 11 јасени, 11 борови, 5 тополи, 4 туји, 4 каталпи, 3 колреутерии, 3 брези, 3 цреши, 4 костени, 2 липи, 2 кисели дрва, кедар, орев и слива. Истовремено, одобрено и кастрење на 303 дрва.

„Граничка површина: ѕидот на ЗОО, делот кај Кафе Централ парк, гранично со водените канали, до пешачката патека на мајор коритото на река Варадар и пешачката патека покрај Луна паркот кај дискотеките. Сечењето и кастрењето на државата ќе го изврши ЈП Паркови и зеленило во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението“, стои во решението, кое може да се обжали до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од Зелен хуман град најавија обиколка во понеделник, заедно со шумски иненери.

14-sl-2-1

„Според тоа што ние гледаме на терен, има дрвја кои делуваат здрави и затоа побаравме од Град Скопје детално мапирање на секое дрво опфатено со ова решение, како и детално објаснување зошто секое дрво треба да се исече. Без разлика дека на нивно место ќе се засадат 300+ нови дрвја не помлади од 6 години, замена на децениски дрвја е невозможна – и за животната средина, и за сенката, и за кислородот и за екосистемот. Затоа на секаква интервенција врз зеленилото од кое и така има огромен недостиг во Скопје, мора да се пристапи премногу внимателно! По дискусија со Секторот за комунални работи, добивме покана да ги разгледаме извештаите од шумските инженери за секое дрво, и да направиме заедничка обиколка низ Градскиот парк за да се објаснат состојбите и причините за сеча на овие дрвја. Поканата ја прифаќаме, и штом обиколката се договори ќе објавиме јавно за секој да може да присуствува“, велат од Зелен хуман град.

На почеток