Скопје

Полиција излезе кај поранешно ОХИС во Кисела Вода, црна течност се излева од атмосферската канализација, вели МВР

Полиција излезе на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, во делот на поранешно ОХИС, откако на асфалтот почнала да истекува непозната црна течност.

„Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во близина населба Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и расчистување на случајот“, велат кусо од МВР.

На почеток