„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Талески: За жал ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од партиските интереси и да го поддржи законот за Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
IMG_6411

Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да излезе од тесно партиските интереси и да го поддржи законот за помош на настраданите во трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во дебатната емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

— реклама —

Талески нагласи дека целта на овој закон е веднаш да им се излезе во пресрет на граѓаните, на семејствата, на повредените, на сите коишто настрадаа во оваа трагедија и никому не му паѓа на памет да го политизира или да лови некакви политички поени на целиот овој настан.

-Предлог законот предвидува да им се помогне на семејствата кои изгубиле член, да им се помогне на повредените со сериозни средства од 1,5 милиони до 5 милиони денари, врз основа на степенот на инвалидитет, да им се помогне на семејствата полесно да се справат и во делот на работните обврски, предвидува 6 месеци платен одмор, да им се помогне на учениците кои подолго време отсуствуваат од настава, рече Талески.

— реклама —

Пратеникот на СДСМ уште еднаш упати апел да се донесе законот додавајќи законското решение во собраниска процедура може да се допрецизира со амандмани, бидејќи на овие граѓани подршката им е потребна час поксоро.

-Не треба да има некакво политичко надмудрување. Без разлика дали сме власт или опозиција, треба да се излезе надвор од тие теснопартиски интереси, на оние граѓани им е потребна помош и поддршка, рече Талески.

Талески го запраша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Левков дали сега може да им погледне во очи на сограѓаните од Кочани откако не го поддржа ова законско решение.

-Безобразно евие да седите во Собрание, да се предлага закон за Кочани, да им се помогне на семејстава, на кои им настрадале најблиските и 200 повредени, а вие да молчите. Беше потребна мала човечка доблест од ваша страна да го поддржите законот, не да чекате наредби од Бела палата, нагласи Талески.

Во врска со истрагата за трагедијата во Кочани, Талески истакна дека сите бараат правда и правдата колку и да е спора мора да излезе на виделина.

-Џабе декларативни заложби од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ја пропуштија шансата да им веруваме, нагласи пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања