(Фото) Запален автомобил на политичар во Битола

Од
Објавено на

На паркинг во Битола, ноќеска, се запалени два автомобили. Според неофицијални информации, едниот е сопственост на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.
Од полицијата потврдуваат дека се опожарени две возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Немало повредени лица.
Христо Кондовски важи за еден од најпознатите бизнисмени во Битола.
