„Ова е како да укинувате смртна казна, а викате ај уште овој да го егзекутираме“, рече Сиљановска за односот на ЕУ кон Македонија


Австрија се нуди да биде медијатор меѓу Македонија и Бугарија, додека пак источниот сосед не прифатил измена на условите и уставни измени со одложено дејство. Ова го соопшти претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа рече дека ништо не е завршено и дека постојат шанси, со оглед дека членка на ЕУ се нуди за помош.
„Во поглед на моите правни аргументи тој рече дека не е фер ова што се случува, но таква е постапката. Нашиот предлог за одложено правно дејство го оцени како извонреден, настапил пред бугарските политичари – но не го прифатиле. Некогаш има патишта за разговор кои можеби, кога ги слушате само зборовите – не можеме да ги одгатнеме. Јас се разбира со помош на Кошта, заедно ќе разговарам со господинот Радев, Австрија се понуди за медијација на разговорите. Не се нудат членки на ЕУ за медијација ако работата е завршена и тоа е така одлучено. Бидејќи тоа не би било европски манир. Јас одговорно тврдам дека да барате од една држава да го смени Уставот е спротивно на европските принципи, бидеќи таму стои дека ќе се почитува националниот и културниот идентитет. И Обвинетото кралство се нуди за разговори“, рече Сиљановска.
Таа рече дека никој не се нуди за репреговарање на преговарачката рамка односно протоколите.
„Јас воопшто не реков дека преговарачката рамка ја потпишал ексминистерот Бујар Османи. Тоа не е наш акт. Тоа е на Советот. Првиот протокол го потпишал Димитров, вториот тој. Преземени се обврски. Кога читам Закон за надворешни работи, читам дека надворешната политика ја креира Собранието, а втор човек е претседателот. Затоа реков дека таков документ кој создава обврски за нас, не може сам да одлучи некој да го прифати и потпише. Затоа, низ призма на законот треба да се разговара, да се консултира Собранието“, додаде Сиљановска.
„Ова изгледа како кога се обидувате да укинете смртна казна, ама викате ај уште овој осуден ќе го егзекутираме. Не може ние да бидеме колатерална штета на одлучување“, додаде Сиљновска и рече: „Ние ќе се обидеме некако да се договориме дека нема да има услови од таа научно-политичка историја“.
