Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Фото) Штекли однесен на контроли на Клинички, четири месеци е во притвор, непознато до каде е истрагата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
stekli-1

Осомничениот Раде Трајковски-Штекли се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“ во Шутка, поради што денеска бил однесен на контроли во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“. На што се пожалил Штекли, не се открива, но познато е дека испитувања му биле правени на Клиниката за неврологија. Неофицијално, тој добил согласност од Кривичен суд за да биде однесен на прегледи. По прегледите, бил вратен во ќелија.

— реклама —

Истрагата за него трае веќе четири месеци. „Скопје1“ побара одговори од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дали се собрани сите докази и до каде е постапката. Оттаму очекуваме одговор. Освен Штекли, под истрага беа уште 14 лица за кои медимумите пишуваа дека се дел од неговата банда.

— реклама —

Кога беа уапсени, беше соопштено дека се правеле претреси на 21 локација во Скопје и Гевгелија. Потоа се најавија вештачења на уреди, за кои не е познато дали се завршени. Одземени беа речиси 10.000 евра, четири возила, 12 мобилни телефони, пиштол, семки и растителна материја со зелена боја за кои има сомнеж дека се наркотични, предмети за производство и пакување на дрога.

— реклама —

Штекли и останатите се гонат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Штекли изминатите години беше мета на два одделни напади врз него, со цел ликвидација. Двата се случија во трговскиот центар „Ист гејт“. Потоа, во неговиот дом беше фрлена експлозивна направа, за која протече и снимка во јавноста. На крајот, заврши како осомничен во случајот кој го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања