Претреси во домови на полицајци, поради сомнежи за злоупотреби и поткуп

Од
Објавено на

Полицајци биле предмет на претреси во домови и возила. МВР спроведе нова акција во Скопје и Штип. Засега е познато само дека лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и примање поткуп.
„На подрачје на Скопје и Штип извршени се претреси на осум локации во домови, возила и во службени простории во Регионалниот центар за гранични работи Север, при што се пронајдени и одземени документација, мобилни телефони, една воздушна пушка без дозвола“, велат од МВР.
Тие додаваат дека по завршување на акцијата, јавноста ќе биде соодветно известена.
