Црвениот крст објавува каде завршија донациите за Кочани


Црвениот крст се огласи со статус на социјалните мрежи:
„Почитувани,
Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16.03.2025, досега се собрани 156.542.967,00 денари.
Заклучно со 23.05.2025 година, Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.
Со овие средства досега е обесбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593,00 денари.
За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258,00 денари а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250,00 денари.
Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101,00 денари.
Преостанатите средства во износ од 46.593.866,00 денари на сметката на Црвениот крст, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата, за што благовремено ќе информираме.
Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и сеуште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства.
Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.“
