Свет

(Видео) Киев под силен напад со дронови од Русија

Киев, главниот град на Украина повторно се најде под силен руски напад со беспилотни летала и ракети во текот на ноќта и рано наутро денеска.

Во нападот има повредени најмалку 15 лица и тројца погинати.

Експлозии и митралески оган се слушале низ целиот Киев.

Воената администрација на Киев соопшти дека ова бил еден од најголемите комбинирани напади со ракети и беспилотни летала врз главниот град.
Откриено се околу 250 дронови и 14 балистички проектили, главно насочени кон главниот град.

Русија пак извести дека се соочила со напад со украински беспилотни летала и дека пресретнала или уништила околу 100 украински беспилотни летала, вклучително и некои насочени кон Москва.

Нападот се случи неколку часа откако двете завојувани страни, Русија и Украина започнаа голема размена на затвореници, стотици војници и цивили. Тоа беше првата фаза од размената договорена од двете страни на состанокот во Истанбул минатата недела.

На почеток