Времето денеска: Сончево и топло со мала облачност

Од
Објавено на

Денеска времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува умерен, но долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со над 70 километри на час.
Во Скопје, сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
