Свет

(Видео) Украински дрон погоди фабрика за дронови во близина на Москва

Беспилотни летала нападнаа фабрика за беспилотни летала во градот Дубна, во Московскиот регион, објавија руските канали на Телеграм „Астра“ и „База“, повикувајќи се на локалните жители. Нападот го потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и руското Министерство за одбрана.

На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат беспилотни летала над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот. Може да се чуе и како жителите коментираат за снимките: „Повторно го погоди Кронштат“.

Според информациите на официјалната веб-страница на компанијата Кронштат, таа развива „беспилотни летала и опрема за воздухопловство“.

Од утрото, градоначалникот Собјанин објави дури 17 пораки за нападот со беспилотни летала. Според него, руската воздушна одбрана соборила најмалку 31 беспилотно летало што летале кон Москва.

Тој, исто така, објави дека нападот со беспилотни летала над Зеленоград бил одбиен. Според неговите изјави, немало „сериозни штети или жртви“ во Москва и Зеленоград, а службите за итни случаи работат на терен за да го санираат местото каде што паднале остатоците.

На почеток