Свет

Зеленски удри по Путин и Трамп: „Лагите се поопасни од вистината“

„Можеби кажувам некои непријатни работи, но ја зборувам вистината. И го кажувам она што го мислам. И тој (Путин) понекогаш кажува многу убави работи, но тие работи се лаги. И мислам дека за интелигентните луѓе, оние што лажат се позагрижувачки“, рече претседателот на Украина, Волдомир Зеленски.

Тој оцени дека дијалогот не може да се води со Путин, велејќи дека „ако мислите дека сте во дијалог, всушност сте сами“, објавува Политико.

Зеленски рече дека мисли дека Трамп и неговата администрација, кои бараат брз крај на непријателствата, сега сфатиле дека Путин не сака да ја заврши својата инвазија на Украина на начинот на кој Белата куќа сака.

Зеленски, кој се судри со Трамп во Овалната соба на крајот на февруари, сè уште сака САД да воведат дополнителни санкции врз Русија, „бидејќи само засилувањето на притисокот може да ја натера Москва да размислува за мир“.

Вчера, во објава на мрежата X, Трамп рече дека Путин „си игра со оган“ и дека „многу лоши работи би се случиле“ со Русија ако тој не беше претседател на Соединетите Американски Држави.

На почеток