Обвинителството под притисок: минатата година биле пријавени над 37.000 лица за сторени кривични дела


Во текот на 2024 година, основните јавни обвинителства во земјата се соочиле со значително зголемување на обемот на работа. Податоците покажуваат дека биле евидентирани вкупно 37.256 сторители на кривични дела, од кои 25.909 се новопримени случаи. Овој тренд претставува пораст од околу 10 отсто во однос на претходната година.
„Во текот на 2024 година, основните јавни обвинителства постапуваа по 37.256 сторители на кривични дела. Од кои новопримени беа пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични дела. Споредбата на податоците покажува дека се регистрира бројот на новопријавени сторители во однос на претходната година за околу 10 отсто. Зголемениот обем на работа по предмети по кои постапување во 2024 година се согледува и преку општ раст на бројот на постапки за кривични дела од речиси сите глави на кривичниот законик. Ја опфаќа и бројката на ОЈО-ГОКК особено за кривични дела при дејствување на вакви криминални групи. Би истакнал дека важноста на посебните истражни мерки но и на новите механизми за меѓународна соработка и канали за размена на информации“, рече републичкиот обвинител Љупчо Коцевски.
