Македонија

ВМРО-ДПМНЕ откри 25 кандидати за градоначалници, мртва трка меѓу Перински и Ѓорѓиевски за Скопје

На вечерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се 25 кандидати за градоначалници од партијата на претстојните локални избори.

По состанокот, генералниот секретар на партијата и пратеник Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на утврдените кандидати:
Аеродром – Дејан Митески
Бутел – Дарко Костовски
Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
Чучер Сандево – Зоран Бајовски
Штип – Иван Јорданов
Велес – Марко Колев
Свети Николе – Дејан Владев
Карбинци – Виктор Паунов
Градско – Киро Нацков
Кавадарци – Митко Јанчев
Гевгелија – Андон Сарамандов
Зелениково – Коста Маневски
Илинден – Александар Ѓоргиевски
Конче – Златко Ристов
Делчево – Иван Гоцевски
Ново Село – Ѓорге Божинов
Василево – Славе Андонов
Босилово – Ристо Манчев
Берово – Петар Ружински
Петровец – Борче Митевски
Битола – Тони Коњановски
Охрид – Кирил Пецаков
Вевчани – Спасе Кочовски
Брвеница – Јовица Илиевски
Јегуновце – Димитар Костадиновски

Како што кажа на прес-конференцијата Сајкоски, сè уште се прават анкети и анализи за кандидат за градоначалник на Град Скопје, во игра се повеќе кандидати меѓу кои се министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

На почеток