🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Апасиев за Британија: Држава што не го признаваше нашето име и молчеше за геноцидот врз Егејците – не ни е партнер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, остро реагираше за склучувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија. Преку објава на социјалните мрежи, Апасиев го оцени потегот како „геополитичка слепост“, наведувајќи дека е апсурдно да се гради сојуз со држава која, според него, во минатото нанела сериозни историски неправди на македонскиот народ, па наведува: „како што се геноцидот врз Егејците и непризнавањето на уставното име“.

— реклама —

Покрај сите историски неправди кои ни ги има направено Велика Британија (геноцидот на Егејците и непризнавањето под уставното име), да склучиш некаков си договор за "стратешко партнерство" со неа денес - во епоха на цивилизациско назадување на западниот хегемонизам и појава на Нов мултиполарен свет предводен од супериорниот систем на Кина - треба да си геополитички аналфабет. Или да објасниме попластично: тоа ти е исто ко да си некоја мала папет-држава во XV век, кога е извесен падот на Византија - и ти, наместо да се престроиш и склучиш пријателство со ОСМАНЛИИТЕ (кои ќе го владеат овој дел од светот во наредните 500 години), склучуваш пријателство со ВИЗАНТИЈЦИТЕ (кои ќе пропаднат во наредните 50 години)!? Со вакви кусогледи "лидери", ќе ја изгубиме државата во следната генерација, ако не се опаметиме. А немаме многу време, бога ми“, напиша пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

(Видео) По претставка на родителите на загинатите во дискотеката „Пулс”, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Македонија | пред 3 седмици

apasiev

Апасиев најави: Ќе закажам комисиска седница во Собранието за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfrj67cq6ac5j6DvmADJ

Апасиев најави пекол во Собранието: ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ, а Мицкоски ја изгуби Западна Македонија

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Партиските пацови од АВМУ да донесат Упатство за платено рекламирање на Мециновиќ за втор круг

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања