Македонија

Објавени новите цени на горивата кои важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 26.05.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,224%, кај дизелот за 0,761%, кај екстра лесното масло за 0,484%  и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4567%.

Од 3.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  74,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             76,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            65,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 37,862 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

На почеток