Јахоски добил времен пасош за да оди на матура кај син му во Истанбул, милоните биле гаранција дека ќе се врати


Бизнисменот Асмир Јахоски го барал пасошот, а скопска Апелација му го вратила, за да оди на матура на неговиот син во Истанбул, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“. Тие посочуваат дека обвинител дал согласност, бидејќи како гаранција го имаат неговиот имот вреден речиси милион евра, како и средства во износ од над 1,1 милион евра.
„Обвинителството не се согласи со првиот предлог на одбраната за целосно укинување на мерката привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“.
Тие посочуваат дека против него се се уште активни другите мерки на претпазливост, како што е секој прв понеделник во месецот да се јавува во Кривичен суд.
Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.
