Македонија

Владиката Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии верниците кои се поддржувачи на Партениј

Митрополитот Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид, пишува „Религија.мк“. Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, во проповед по литургија, пред олтарот, не ги штедеше навредите и за Партениј, а особено за верниците кои него го поддржувале.

Меѓу епитетите кои им ги лепеше, беа дека биле крадци на човечки души, армии, пијаници, наркомани, кои се обидувале да ги заведуваат другите верници.

На почеток