Македонија

Ахмети бара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

На прослвата на која ДУИ одбележа 23 години од своето основање, лидерот Али Ахмети во своето обраќање побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Ахмети тврди дека ова е неопходно за стабилност и напредок на државата.

„Политичките партии во Европскиот фронт се координираат, во комуникација сме со сите конструктивни политички сили во земјава и мислиме дека на локалните избори ќе бидеме силен фронт за да владееме успешно со општините, но воедно сме силно определени заедно со локални да имаме предвремени парламентарни избори. Тоа го бараме зашто тоа е спас за сите нас и за одржлива стабилност”, рече Ахмети.

Ахмети се пофали дека ДУИ никогаш не изгубила избори во 18 изборни циклуси и дека партијата секогаш се залагала за правата на Албанците и европски стандарди.

Тој ги обвини политичките противници за политички прогон и дискриминација.

На почеток