Македонија

(Видео) Чупеска била во шок од снимката со Ден Дончев, а за „едно евро за Вицето“ мислела дека е зафрканција

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска во поткастот „Претрес со Ландов“, рече дека кога ја видела снимката со ексдиректорот на ФЗОМ, Ден Дончев како зема пари, била во шок.

„Бев во шок, искрено“, рече Чупеска.

На коментарот дека до ден денеска нема одговорност, рече: „Неверојатно е тоа, стварно, не можам да разберам“.

Прашана какво е тоа правосудство, рече дека треба целосен рестарт, а не „плукни-залепи“ промени.

Потоа, Чупеска ја коментираше снимката со Зоран Заев и „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

„Што се деси со тоа? Јас стварно не знам. Тоа некоја зафрканција да не беше?“, рече Чупеска, па на укажувањето дека тоа е снимано во кабинетот на Заев во Струмица, одговори: „Тоа не сум знаела. А ја знам снимката ама мислев дека е зафрканција некоја. И за Вицето, тоа некако, без да ме сфатат граѓаните погрешно, името ми беше дека е шега некоја. Потоа дознав дека е братот на Заев“.

На прашањето, дали се шокирала кога дознала, рече „Па да. Тоа… е непримерно, како да кажам“..

На почеток