Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово


Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски ќе влезе во трка за трет градоначалнички мандат во Куманово.
,,Во моментот преговорите се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите”, вели Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков.
Според партиски информации, ЗНАМ имаат амбиција во поделбата на колачот со ВМРО-ДПМНЕ, да го добијат Центар.
Партијата најави дека ќе одат со сопствени советнички листи.
