(Видео) Невреме со пороен дожд и град во Скопје и Дојран

Од
Објавено на

Попладнево Скопје беше зафатено од силно невреме проследено со пороен дожд, ветер и град во повеќе делови од градот.
Од надлежните служби засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, но се апелира на внимателност и следење на временските прогнози.
Силно невреме го зафати и Дојран. Силниот дожд и градот предизвикаа значителна штета.
Има проблеми со снабдување со електрична енергија и повремени прекини во мобилната мрежа.
