Свет

Украинците ја нападнаа Москва со камикази дронови, отворија оган над метрополата, аеродромите се затворени, фабриките горат…

Напад со украински камикази беспилотни летала насочени кон Москва предизвика затворање на два клучни аеродроми што го опслужуваат главниот град, соопштија руските власти рано денеска.

Руските единици за воздушна одбрана уништија девет украински беспилотни летала што се движеа кон Москва до 4 часот наутро, објави градоначалникот Сергеј Собјанин преку апликацијата за пораки Телеграм.

Тој додаде дека службите за итни случаи биле испратени на местото каде што паднале остатоците од дронот во ноќниот напад. Тој пријавил дека нема непосредна штета.

Украинскиот напад со дрон, исто така, предизвикал краток пожар во хемиската фабрика „Азот“ во регионот Тула, при што биле повредени две лица, а седум дронови биле уништени над регионот Калуга, соопштија регионалните гувернери. И двата региона се граничат со Московскиот регион јужно од главниот град.

Руската администрација за цивилно воздухопловство „Росавијација“ објави на Телеграм дека, со цел да се обезбеди безбедноста на воздушниот сообраќај, ги суспендира летовите на аеродромите „Внуково“ и „Домодедово“.

Помина една недела откако Русија и Украина разменија големи бранови напади со беспилотни летала (а во случајот на Русија и со ракети) – сè започна со масовен руски напад минатата сабота, по што во недела, на 1 јуни, Украинците го шокираа Кремљ со операцијата „Пајажина“ во која уништија најмалку 13 и оштетија веројатно двојно повеќе незаменливи руски стратешки бомбардери.

На почеток