Свет

(Видео) Вучиќ во кавга со новинари

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно во нов клинч со новинарите, овој пат на мета беа новинари од ТВ Нова и Н1.

Вучиќ зборуваше за нападот врз претставникот на студентите кои сакаат да учат, Милош Павловиќ, и го спореди со настанот кога една студентка во Нови Сад беше нападната и ѝ беше скршена вилицата.

Кога новинарите Таталовиќ и Вељковиќ се обидоа да одговорат дека и тие можат да дадат објаснување, тој им одговори:

„Пак ти е смешно нешто. Ти од Н1 и Нова С. Не е за мене. Научи се да бидеш учтив, синко. Основно. Нема да биде лошо”, им рече Вучиќ.

Новинарката Таталовиќ на социјалните мрежи го објави видеото со објаснување дека Вучиќ се издрал на нив и заминал без објаснување.

На почеток