Македонија

Контроверзија со снимката од Велес на Видевски: адвокатот ја нема, обвинителката вели не покажува ништо

Бојан Манев, адвокат на Боре Видески, обвинет за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, рече дека не ја обезбедиле снимката од бензиската станица, каде наводно се гледа Панче Жежовски на денот кога според обвинението тој бил убиен.

„Не го обезбедивме доказот бидејќи немаме технички услови“, рече Манев.

Судијата Ивица Стефановски: „Судот ви го прифати тој доказ, знаете?“

Манев: „Да, но не го обезбедивме, Обвинителството го има“,

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска рече дека ја имаат снимката, но на неа не се гледа Жежовски

Не постои видео запоис од Макпетрол безниската пумпа во Велес, на која се забележени обвинетите лица. Од таа причина, прибавен е и тој доказ, но не е предложен како доказ бидејќи не се забележани предметите лица затоа не е доставен како доказ, рече обвинителот.

Доказна постапка заврши, рече судијата откако ги праша сите странки дали имаат дополнителни докази.

На почеток