🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

„Паркови и зеленило“ со интензивни теренски активности низ Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

ОО
Screenshot-2025-06-09-at-11.45.03

Екипите на секторот „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ продолжуваат со редовното одржување и уредување на јавните зелени површини низ Охрид.

— реклама —

Посебно внимание е посветено на охридскиот Чинар – заштитен споменик на природата и едно од најпрепознатливите обележја на градот. Чинарот беше третиран со мерки за прихрана и заштита, со цел негово долгорочно сочувување.

На повеќе локации се косеше трева, вклучително и на плажата Горица 3, патниот правец Охрид–Свети Стефан, улиците АСНОМ, Мирка Гинова, Железничка, пешачката патека до Горица, како и покрај каналот Студенчишта и во градскиот парк.

— реклама —

Се расчистуваше и дива вегетација покрај патот до селото Горно Лакочереј, а улицата „7-ми Ноември“ беше хортикултурно уредена со нов цветен расад. Украсните растенија на булевар „Туристичка“ беа потшишани, а уредувањето на зелените површини продолжува со тековен интензитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања