Македонија

(Видео) Ќе се „самоуапси“ ли државниот обвинител Коцески за да остане на функцијата?

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во гостување во „Претрес“ смета дека државниот обвинител Љупчо Коцески би можел да се самоуапси, за да и се допадне на власта, муабет што во изминатиот период често се споменува во јавност.

„Мислам дека…“, рече Чупеска, а на дополнувањето од водителот: „Ќе се самоуапси?“, таа додаде: „Не е исклучена таа опција.

Чупеска рече дека не е проблем Коцески сам по себе, туку и притисокот од извршната власт на кој обвинителот потклекнал.

„Особа А прави притисок на Б, а особа Б го купува тоа. Катастрофа тешка. Интегритетот на истражната постапка за Кочани и Христовски е сериозно загрозена“, додаде таа.

На почеток