Македонија

„Support Kocani“ плати 15 илјади евра за компресивна облека за повредените

„Support Kocani“ ја исплати првата фактура за компресивна облека во износ од 923.458,00 денари – средствата целосно обезбедени преку донации.

„Со особено задоволство ве информираме дека здружението на граѓани СУПОРТКО ја исплати првата фактура за компресивна облека наменета за повредените лица од трагичниот настан во Кочани, во износ од 923.458,00 денари. Средствата за оваа набавка беа целосно обезбедени преку донации. Компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Покрај тоа, веќе се обезбедени средства и за втора тура компресивна облека. На 16 и 17 јуни, во Кочани повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со процесот на земање индивидуални мерки за новата нарачка“, велат од „Support Kocani“.

Тие додаваат: „Упатуваме голема благодарност до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија значителен попуст во вредност од 19.600,00 лева, со што овозможија оваа неопходна медицинска помош да стигне до што поголем број на повредени.

Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели, и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност. Вашата поддршка продолжува да прави разлика“.

На почеток