Македонија

„Нема ниту еден доказ за комуникација меѓу таткото на Вања и Палчо“, адвокатот вели дека обвинителките се контрадикторни

Обвинителките завршија со завршниот збор за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Не понудија никаков доказ дека таткото на Вања, Александар Ѓорчески, имал конекција или комуникација со обвинетиот планер и реализатор на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо. Ова го кажа адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој посочува дека Обвинителството образложило сѐ за другите четворица обвинети, а ништо за таткото.

„Јавното обивнитлство го потврди она што го знаеме од првиот ден, а тоа е дека нема никаков доказ за било каква вмешаност и инволвираност на Александар. Немаат ниту било каков доказ за конекција или комуникација со Љупчо Палевски, како што стои во обвинителниот акт. Напротив, завршнот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен, сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети со кои Обвинителството докажува дека имале разработен план, дека од првото грабнување се откажале и зошто се откажале, како и дека реализацијата се завршила во понеделникот. Никаде не е споменат таткото ниту конекција со него“, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчески.

На почеток