Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
trajko-slavevski-pretres-2

„Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажа својот вистински лик – надмен, без допир со реалноста и на страната на крупниот капитал, а не на граѓаните“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

„Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, земал плата над 3000 евра, и сега ги поучува граѓаните дека не треба да очекуваат повеќе – туку да се распарчуваат на три фронта за да преживеат.

— реклама —

Трајко Славески очигледно не знае дека не се сите како него. Не се сите на државна плата, не се сите родени со функција и поврзани со елитата. Народот што секој ден се бори со инфлација, со скапа храна, со растечки трошоци, не може да живее од советите на Славески. На граѓаните им треба реална плата и заштита од кражбата на маркетите.

— реклама —

Отпорот на Славески кон замрзнување на маржите и цените значи едно: поддршка за профитите на трговските ланци, а не за интересите на граѓаните. Со вакви изјави, јасно е дека Трајко Славески ќе биде гласноговорник на богатиот слој што живее во паралелна реалност. Македонија не смее да има гувернер кој со презир зборува за оние што живеат од минималец.

— реклама —

Дали Мицкоски ги дели ставовите на Славеси или токму тој го инструира вака да зборува и ги потценува граѓаните? Дали поддржува гувернер кој мисли дека борбата за достоинствен живот е „извртување на значењето“?

Како претседател на Советот го уништи градот Скопје, сега како Гуверер очигледно ќе ја уништува и моинетарната политика.

Трајко Славески не е човекот што и треба на Народната банка, а уште помалку на македонскиот народ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66nai06em76me9M2GRI

Ангеловска: СДСМ бара одговорност за скандалот со злоупотреба на деца во Куманово од ЗНАМ и Димитриевски

Македонија | пред 23 часа

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања